Балкан Хендбал се прашува кој ќе победел на Балканското Ел Класико, целиот останат ракометен свет се прашува што се случува со Веспрем, како можеа ПСЖ и Кил да претрпат такви катастрофални порази, како Барса можеше да дозволи рушење на митот за нивната непобедливост уште на првиот меч во сезоната, а јас само се прашувам дали Металург има сили за победа во утрешниот меч.
Од минатиот викенд кога започна ЛШ, ми се јави истата возбуда од минатите години и повторно со нетрпение го чекам моментот кога ќе започнам да се спремам за натпреварот, загревањето на тимот, адреналинот на публиката, коментарите на официјалниот спикер, "Hit the road Jack", нервозата после секој примен гол, но и огромното задоволство после секој даден, воодушевувањето на секоја добра одбрана и конечно крајниот свиреж за крај на мечот и прославата на победата. Тимот веќе не ни е секогаш фаворит, ама моите очекувања се истите, очекувам борба, очекувам победа, очекувам одлична атмосфера.
Ако лани велев деца, сега веќе пред нас имаме искусни ракометари со искуство од ЛШ зад нив и кои иако млади веќе знаат како е да се игра во полна сала и како е да се води исцрпувачка битка на теренот за секоја топка. Ако лани велев добро е, се бореа, ќе биде подобро, сега веќе очекувам да блеснат, да ја превземат одговорноста во свои раце и да ни покажат дека навистина заслужуваат да играат во ЛШ. Кадетен Шафхаузен не е најдобра, но не е ниту најслаба екипа во групата и баш затоа е вистинска шанса за враќање на вистинските патеки. Затоа момци со ладни глави и цело срце влезете во мечот и покажете им на Швајцарците дека во Скопје никој не си поминал лесно.
Долго бевме непобедени во "Борис Трајковски", а прв чекор кон креирање на нова таква победничка серија е полна сала и поддршка во текот на сите 60 минути. Сите заедно кон победа. Само еден Металург,
Спортски поздрав.
No comments:
Post a Comment