После овој возбудлив ракометен викенд многу ми е жал што Металург не е веќе дел од ЛШ, што не ја чекав со нетрпение денешната колумна на Балкан Хендбал како минативе години, што немав никаква желба да ги погледнам видеата со 5 - те одбрани, 5 - те гола и 7 - те најдобри ракометари од изминатиот викенд... Навистина жалам што не сме повеќе дел од ЛШ, ама уште повеќе жалам што отидов вчера во "Борис Трајковски", бидејќи вчера за прв пат си отидов максимално разочаран од тоа што го видов на теренот.
"Znam da je to pričao prošle godine, dodavao još da Makedonci prekidaju igru tako što se valjaju po terenu, ali je isto tako prošao i u revanšu – dobio po nosu. Ta Metalurgova generacija je bila od kamena. Puna samopouzdanja, karakterna." - напиша Жика денес во колумната на Балкан Хендбал за мечевите на Вардар и Загреб.
Металург никогаш не бил најдобар тим на светот, никогаш немал најдобри услови, ама секогаш сите давале се од себе, секогаш се играло со срце, со душа... секогаш се наоѓало мотивација без разлика на моменталниот резултат за да се организира нареден напад, секогаш имало време за пресврт, секогаш знаеле како да победат за публиката. И после цела година, сезоната од минатата година не е падната во заборав, една екипа ги порази шпанскиот, францускиот, унгарскиот, хрватскиот, данскиот, македонскиот и белорускиот шампион. Една екипа во која сите функционираа како еден, во која секогаш се одеше на победа, за која немаше тежок противник.
Е сега имаме нова екипа, а овој наш нов, млад Металург до пред 2 недели ветуваше многу, имавме момци кои беа подготвени да се борат за секоја топка во текот на сите 60 минути, ама веќе за жал тоа не е така, вчера беше измачување да се гледа нивната игра. Ако не ти е доволна мотивација тоа што отприлика 2000 души излегле од дома во недела навечер и дошле да навиваат за тебе, ако не ти е мотивација тоа што уште минимум толку те гледаат на телевизија, ако не ти е мотивација тоа што играш за Металург, тогаш не знам што ви е потребно за да се мотивирате. Кога гледам ракометари од 19, 20 години како без желба излегуваат на терен, како без жар влегуваат во секој напад и одбрана губам секаква желба за ракомет.
Што се промени за овие 2 недели? Се промени составот на екипата, се донесоа неколку нови ракометари кои наеднаш влегоа во првата седморка. Се наруши хемијата на екипата која растеше заедно веќе 4, 5 години зад името на Металург Јуниор. Староседелците наеднаш преку ноќ ги изгубија своите места, наеднаш станаа мислиш непотребни во екипата, и со тоа се уништи целата хармонија која постоеше. Гинеа овие деца еден за друг изминатите неколку години, дали во дресот на Металург или во дресот на нашата репрезентација, ама вчера и во минутите кои ги добија како на терен да излегоа некои нови деца, некои нови непрепознатливи ракометари кои не сакаат веќе да се борат, ракометари кои се помирени со својата судбина.
Да не бидам сфатен погрешно, немам никаква замерка за ниту еден од новите ракометари, нема никаква вина кај нив, секогаш треба да играат најдобрите, само што секој треба да го заработи своето место, а тука за жал се создаде општа слика дека тие ги заслужија своите места во екипата со тоа што во пасошот не им пишува Македонци. Еден меч се воигруваат, втор, трет... екипата почна да игра се полошо, а ние сеуште ја воигруваме.
Факт е дека беа потребни засилувања, децата од јуниор дополнети со Џукиќ и Бувиниќ имаа потреба од дополнителна помош, потребно беше дополнително искуство во екипата за да се спаси клубот и за Металург и наредна година да игра во Сеха и ЛШ, ама дали Лино го направи вистинскиот избор ќе видиме за многу кратко време. Лесно е да победуваш со екипа во која ги имаш Жути, Мојсо, Вуги, Станиќ и Атман, ама вистинска уметност е да победуваш со екипа без вистински ѕвезди. Ама па и ние веќе не бараме да ја победите Барса, бараме да ги победите Прилеп, Тинекс, Охрид и Зомимак.
Факт е дека беа потребни засилувања, децата од јуниор дополнети со Џукиќ и Бувиниќ имаа потреба од дополнителна помош, потребно беше дополнително искуство во екипата за да се спаси клубот и за Металург и наредна година да игра во Сеха и ЛШ, ама дали Лино го направи вистинскиот избор ќе видиме за многу кратко време. Лесно е да победуваш со екипа во која ги имаш Жути, Мојсо, Вуги, Станиќ и Атман, ама вистинска уметност е да победуваш со екипа без вистински ѕвезди. Ама па и ние веќе не бараме да ја победите Барса, бараме да ги победите Прилеп, Тинекс, Охрид и Зомимак.
Уште едно нешто фалеше во последните 2 недели, фалеа лидерите на оваа екипа, фалеа Талески, Нелоски, ама фалеше и капитенот Никола Митревски. Филип е еден од најмладите во екипата, ама поголемото искуство го прави поголем во очите на другите и му дава авторитет и слобода да подвикне кон другите кога нешто не оди. Новиов голман се покажа во солидно светло, ама сепак ми фалеше и мотивацијата и сигурноста кои ги пружа Митревски. И дефинитивно фалеше Марко, фалеа неговите шутови, голови и блокови.
Ако претходните години во овој период почнувавме да мислиме на титула, сега сонуваме за второто место. Второто место може да биде реалност само ако ги вратите жарот и желбата во својата игра, бидејќи не победува секогаш подобриот, туку победува оној кој повеќе ја посакува победата. Квалитетот е на ваша страна, ви недостасува само изгубента желба, ако ја повратите неа, после многу лесно на претседателот на Зомимак, кој насекаде најавува дека наредната година ќе играле во Сеха и во ЛШ ќе му ја затворите устата.
А ние навивачите можеме да жалиме, да погодуваме како клубот ќе изгледа наредната година, да се надеваме, ама само господинот Јорданов и непогрешливиот Китевски знаат што ќе се случува на лето и дали и како ќе ја започнеме наредната сезона. Веќе напишав дека одбивам да поверувам дека ова е крајот на Металург, и денес стојам на истиот став и верувам дека Металург до лето повторно ќе биде стабилна екипа во која ќе се врати барем легендарната 13-ка,
Спортски Поздрав.
No comments:
Post a Comment